За Нас

NEW LEVEL SHOP
digestive-pro-90-vegan-capsule (4)

Приказната за NEW LEVEL SHOP - онлине продавница за суплементи и додатоци во исхраната.

Водејќи се од концептот професионалност и квалитет на највисоко ниво што досега не е виден во Македонија, Ивица Јанев или ICEBBF ја започна, поточно ја пренесе својата идеа за нутриционистичка работа од Америка во Македонија.

Започна со својата онлине канцеларија NEW LEVEL ICEBBF нутриционист https://g.co/kgs/QhTVAar и до сега има променето и подобрено илјадници животи на Македонци, а неговите официјални бројки на трансформации приближуваат на 700.

Од тука се јави и потребата за квалитетни производи која е јасна, но понудата на македонските простори е нејасна. Токму ова е иницијалната причина што го мотивира ICEBBF да направи сопствен увоз на суплементи за кои ќе гарантира и со кои ќе придонесе, пред се, за поздрав, но и за поквалитетен живот кај неговите клиенти, а и на сите останати потрошувачи.

NEW LEVEL се води по принципи 

Професионалност

Вистина

Квалитет

Редно време е знаењето стекнато со години, покажано и докажано на дело преку многуте животни трансформации, сега да го прикажеме и преку производ.

NEW LEVEL SHOP онлине продавницата за суплементи и додатоци во исхраната е креирана и формирана врз база на овие принципи и потреби. Па по таа линија на принципи, секогаш на нашите клиенти ќе им нудиме производи со врвен квалитет. Првите производи што ќе бидат понудени на македонскиот пазар е комплетна линија на производите од брендот Basic Supplements. Basic Supplements е бренд на производи со европски квалитет, бренд кој стои позади многу шампиони од Бодибилдингот, Фитнесот и Борилачките Спортови. Бренд кој помогна буквално речиси на секој шампион од регионот, Балкански, Европски и Светски во нивните лични припремите, исто како и на ICEBBF кој ги користеше во своите припреми за Европското Првенство. Сега овие производи за прв пат се достапни на македонскиот пазар.